Ќе се изненадите: Колку сетила има човекот?

Сите знаеме дека човекот има 5 сетила: допир, вкус, мирис, слух и вид.

Лесно е да се разберат овие сетила, бидејќи секое од нив е претставено со соодветен сетилен орган: прсти, уста, нос, уши и очи.

Меѓутоа, вистината е дека постојат уште 3 дополнителни сетила кои не се толку очигледни, но сепак се од огромно значење за снаоѓање во животот.

сетила

1. Терморецепција

Терморецепција е сетило за правење разлика меѓу температурите. Секој организам со нервен систем има терморецептори, така што ова сетило не се однесува само на луѓето. Терморецепцијата се јавува благодарение на посебните неврони во мозокот кои имаат улога на терморецептори и кои се вклучуваат и исклучуваат при детекција на различни температури со цел да се поттикне соодветна реакција на организмот. Тоа значи, дека овие неврони ни праќаат сигнали да одиме кон топлото ако ни е ладно и обратно, кон ладното ако ни е топло.

сетила

2. Проприоцепција

Проприоцепцијата е способност да се контролираат делови од телото на соодветен начин во просторот без да се гледа во нив. Ова е многу корисно, бидејќи на тој начин нашето сетило за вид е слободно да прави други работи. Без проприоцепцијата не би можеле да си подаваме топка, да возиме велосипед или да користиме алати. За разлика од терморецепцијата, не постојат посебни делови од телото кои служат за проприоцепција. Имено, станува збор за повеќе информации кои доаѓаат од различни мускули и зглобови и кои истовремено пристигнуваат во мозокот.Човекот може да биде способен да ги почувствува нештата на кожата без да има поим каде му се наоѓаат екстремитетите во просторот. Веројатноста е дека кај несмасните луѓе постои мал недостаток на проприоцепција.

сетила

3.Сетило за рамнотежа

Ова сетило ни помага да одржуваме рамнотежа, без која постојано би паѓале и би се повредувале. Покрај мозокот, внатрешното уво игра голема улога во одржувањето рамнотежа. Сетилото за рамнотежа е многу деликатно, па дури и најмали повреди или нарушувања на внатрешното уво можат лесно да доведат до губење на ова сетило. Добро е да се знае дека луѓето не се најдобри кога станува збор за одржување рамнотежа.

сетило за рамнотежа