Драган Којиќ Кеба на социјалните мрежи сака да ја покажува својата сопруга, но и нивната голема љубов.
Тој редовно објавува заеднички фотографии со посвета, а на последната малку се посрамоти.
Кеба објави селфи од неговата сопруга Оља, и напиша:
„Најубава, а моја forewer“.
Очигледно дека фолкерот има проблем со англискиот, па зборот „засекогаш“ го напиша погрешно.
Откако сите почнаа да се шегуваат на негова сметка, тој брзо ја поправи печатната грешка, но веќе беше предоцна.