Британското кралско семејство добива нов член!
Од Кесингтонската палата денес соопштија дека Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг принцот Вилијам се пресреќни што можат да ја споделат веста дека го очекуваат своето трето дете.
Како и за време на претходните бремености, така и овој пат, војвотката има тешки утрински мачнини, поради кои ќе откаже голем дел од јавните појавувања кои што се закажани за следниот период.
Гласините за наводната бременост на Милдтон започнаа уште во јули, кога за време на посетата на Полска како подарок и беше дадена плишана играчка.