„БАФТА“ филмските награди се одржаа овој викенд во Лондон, а од сите ѕвезди кои се појавија на црвениот тепих сосема очекувано, најголеми внимание привлече војводката од Кембриџ.
Кејт Мидлтон блесна во едноставен цветен фустан од колекцијата на Александар МекКвин.
Иако температурите во Лондон беа мошне ниски, војвоката сепак на црвениот тепих прошета без наметка, во придружба на принцот Вилијам.
Истото го направија и дел од холивудските актерки, а што носеа тие погледнете во продолжение.