Кејт Мидлтон ужива во третата бременост, а тоа го покажа на хуманитарниот настан „Royal Variety Performance“ во Лондон.
Војводката го покажа бременото стомаче и заблеска покрај нејзиниот сопруг, принцот Вилијам.
Кејт Мидлтон за ова појавување се одлучи за син, долг фустан исполнет со кристали, кој е креација на Jenny Packham.
Во фустанот, војвотката многу наликуваше на ледената кралица Елза, од Frozen, па многумина ја споредија со овој Disney лик.