Меган Маркл пред големата кралска свадба, изминатио викенд ја одржа својата моминска вечер.
Актерката во друштво на најблиските пријателки во спа центар уживаше пред големата венчавка која е закажана за месец мај.
По кралскиот спа третман, девојките уживале во вечера каде се зборувало за животот на Меган, која добила и подарок од пријателките.
Сепак и покрај пријатната атмосфера, денес сите пишуваат дека војводката Кејт Мидлтон не присуствувала и покрај поканата.
Според експертите Кејт е нервозна за доаѓањето на новата снаа во кралското семејство, па во иднина може да очекуваме игнорантскиот однос да продолжи.