Кејт Мидлтон има беспрекорен стил, но војводката често знае да повтори некој од своите највпечатливи изгледи.
Така беше и овој пат кога принцот Вилијам и војвотката беа дел од гала вечера која се одржа во домот на маркизот и маркизата од Чомли.
За оваа прилика Кејт го облече фустанот кој го носеше пред 5 години на 10-та гала вечера во Кенсингтоновата палата.
Таа го облече светкавиот нежно розов фустан, креација на дизајнерската куќа „Jenny Packham“, кој како и во 2011-та година, така и денес и стои одлично!