Кејти Холм сака да ја официјализира врската со Џејми Фокс

Холивудската актерка Кејти Холмс е во врска со колегата Џејми Фокс уште од 2013 година, но се уште не потврдиле јавно дека се забавуваат.

И додека многумина сметаат дека двојката на тој начин сакала да ја сочува својата приватност, американските таблоиди пишуваат дека сега тоа не е случај.

кејти холмс и џејми фокс

На почетокот, Кејти ја криела врската со Фокс бидејќи се плашела дека поранешниот сопруг Том Круз ќе и ја одземе ќерката Сури, а со оглед на тоа дека такво нешто не се случи Кејти сега сака јавно да се гледа со актуелниот партнер.

„Кејти е лута бидејќи Фокс не сака јавно да потврди дека е во врска со неа. Таа по секоја цена сака да се омажи за него, а тој побарал пауза од неколку месеци во врската“, изјави извор близок до актерката.

кејти холмс и џејми фокс