Кејти Пери и Орландо Блум раскинаа на почетокот на оваа недела, па додека актерот е во прегратките на нова девојка, пејачката се одлучи за промена.
На социјалните мрежи Кејти Пери објави видео во кое ја бричи својата глава од страните, нешто како фризурата на Мајли Сајрус.
„Што велите за нов начин на размислување во 2017-та. Сеуште можете да бидете пријатели и да ги сакате вашите екс партнери! Никој не е жртва ниту е лош во оваа ситуација, најдете си живот“, стои во нејзината објава.
Инаку ова е прво јавно обраќање на Кејти Пери по раскинувањето со Орландо Блум.