Кентаки пилешко

Состојки:

4 парчиња пилешко бело месо
1 маргарин
100 гр презла (лебни трошки)
Сусам по желба
250гр кашкавал (може и пармезан)
500 гр компир
Мешавина од зачини

Подготовка:

Излупете го компирот, исечете го на коцки и почекајте да се спреми месото.
Во еден сад помешајте ја презлата, изренданиот кашкавал, сусам и една лажичка мешавина од зачини. Маргаринот целосно да се стопи. Парче месо да се натопи во растопениот маргарин, а потоа ставете го во со смесата со презла. Месото го редите во средината на плехот за печење и кога тоа ке го завршите околу него ставете го компирот. Преостанатата смеса со презлата рамномерно истурете ја врз компирот и прелијтеја со маргаринот.
Ставете го плехот во загреана рерна на 200 степени и печете околу 40-45 минути. Не го вртете месото за време на печењето.

Подготовката трае околу 30 минути.

кентаки пилешко