Приведен и испратен на психијатриска експертиза е њујоркчанец кој премногу агресивно и се додворувал на поголемата ќерка на поранешниот претседател Барак Обама, Малија.
“Сикрет сервис” , кои го обезбедуваат семејството Обама, морале да го задржат 30-годишниот Џејр Кардосо кој влегол на четвртиот кат во зградата во Трајбек каде Малија работи како практикант и да го однесат на сослушување да ја објасни својата непримерена љубов.
По ова беше изнесено дека Кардосо неколку пати се обидел да влезе во Белата куќа.
По разговорот со момчето, вработените од “Сикрет сервис” утврдиле дека тој има психички проблеми.