Според последните гласини ќерката на покојната актерка од “Војна на ѕвездите”, Кери Фишер, излегува со актерот од “Тwilight” Тејлор Лаутнeр.
Лаутнер напишал во својот Instagram: “Оваа девојка е едно од најсилните и смели човечки суштества кои сум ги сретнал. Апсолутно прекрасна е внатре и надвор. Јас сум среќен што ја познавам. ”
24-годишната Лурд е позната по учеството во “Војна на ѕвездите: Силата се буди”, каде се здружи со мајка си, и по серијата “Scream Queens”, каде учествува заедно со Тејлор.
Гласините дека Лурд и Лаутнер се љубовници се појавија претходно овој месец, откако тој сподели фотографија со 24-годишната русокоса.