Кети Пери и Орландо Блум ставија крај на врската

Кети Пери и Орландо Блум се разделија по 10-месечна врска.

Пејачката и ѕвездата од филмскиот серијал „Пиратите од Карибите“ ставиле крај на врската, откако и двајцата се согласиле дека за нив разделбата е најдобро решение.

„Малку по Ноќта на вештерките, Орландо се доверил пред пријателите дека одлучил да ја заврши оваа врска. Тој појасни дека сеуште не е подготвен да се ожени и да има деца“, вели извор близок до двојката.

Кети Пери и Орландо Блум

Минатиот месец 39-годишниот актер не беше со Кејти на нејзиниот 32-ри роденден, бидејќи снимаше филм, но и испратил многу цвеќиња.

„Орландо ја затрупа со цвеќиња на нејзиниот роденден и жалам што не може да е заедно со него. Тој беше зафатен на сетот на филмот во Кина и иако нивните односи во последно време се оладија, двајцата редовно си пишуваа пораки. Кејти сеуште го смета за свој принц и беше зачудена кога доби цвеќе од него од другиот крај на светот“, додаде изворот.

Кети Пери и Орландо Блум