Пејачката Кејти Пери е добитничка на хуманитарната награда „Одри Хепберн“ на овогодинашниот „Балот на снегулки“ на УНИЦЕФ во Њујорк.
На амбасадорката на добра волја, наградата ѝ ја врачила политичарката Хилари Клинтон, на која ова ѝ е второ појавување во јавноста по поразот на претседателските избори од контроверзниот милијардер Доналд Трамп.
„Ја познавам Кети и знам колку ѝ е битно овој свет да го направи подобар. Шампиони како Кејти сега ни требаат повеќе од кога и да е“, рекла Хилари и ја трогнала пејачката до солзи.
Кети Пери беше една од најгласните поддржувачи на Хилари Клинтон во нејзината кампања за претседател на САД.