Кевин Спејси доби “отказ” од популарната серија House of cards (видео)

Продуцентите на мега популарната сероја House of cards (Куќа од карти) објавија трејлер од шестата и последна сезона и открија како го убиваат главниот лик, злогласниот политичар Френсис Андервуд кој го глумеше Кевин Спејси.

Оскаровецот излета од серијата откако беше обвинет за сексуално злоставување.

Во новата сезона, во фокус е актреката Робин Рајт која го глуми ликот на Клер, сопругата на Френцис.

Поголемиот дел од тимот на серијата го обвинија Кевин за недолично однесување откако се прошири веста дека силувал малолетно момче. По ова тој доби отказ од серијата.

Оскаровецот Спејси беше обвинет од еден маж кој тврди дека во 1992 кога бил малолетен, бил силуван од него. Сепак обвинителството во Лос Анџелес одлучи дека случајот е застарен и нема да поведе кривична постапка.

Како резултат на обвинувањата за силување деца, продуцентите му ги откажаа ангажманите на Спејси во најавените филмови , а неговиот последен филм “Billionaire Boys Club” доживеа фијаско со заработени само 618 долари од влезници во 11 кино сали.