Откако се ослободи од вишокот килограми и ја доведе во ред својата линија, Ким Кардашијан ја користи секоја прилика да го покаже своето тело.
Последно таа реши да се појави во портокалов фустан кој во прв план ги стави нејзините гради, но и сало.
Ким заедно со Кание се појави во Малибу каде облече краток фустан со длабоко деколте расечен на страните.
Иако многумина се воодушевени од ова појавување, многумина го забележаа салото на половината кое беше стиснато во тесниот фустан.
Очигледно Ким има уште некој килограм за симнување. Сепак, како ви се допаѓа ова појавување?