Риалити ѕвездата Ким Кардашијан го откри името на своето четврто дете, откако постави слика на новороденчето на социјалните мрежи.
Псалм Вест, чие име во САД се изговара Сам, се роди на 9 мај. Фотографија на бебето во бели пелени во неговото детско креветче се појави по повод Денот на мајката со натпис: „Еден прекрасен Ден на мајката!“.
Бебето е второ момче и второто, родено од сурогат мајка поради здравствените проблеми на Ким Кардашијан која таа ги имаше за време на претходните две бремености.
Другите три деца на семејството Вест се 5-годишната Норт, 3-годишниот Сеинт и 15-месечната Чикаго.