Ким Кардашијан обвинета за злоупотреба

Ким Кардашијан со својата последна објава ги разбесни следбениците на социјалните мрежи.

Старлетата објави фотографија на која во рацете држи змија на која го имаше логото на брендот Луи Витон.

За многумина ова се смета за злоупотреба на животните, па следуваа негативни коментари.

„Одвратно е тоа што си го направила, си ја злоупотребила“, „Змијата е баш греота“, „Ти не си смеела вака да ја малтретираш“, се само дел од реакциите.

Од друга страна тука беа и фановите кои секогаш ја подржуваат, па дури и прашуваа каде може да купат ваков домашен миленик.

Little Louis.

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on