Ким Кардашијан на свет ги донесе Норт и Саинт Вест, и иако претходно изјави дека е задоволна со две деца, реалити ѕвездата сака да оди на трето.
Во најновата епизода на реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“, Ким и кажува на мајка си Крис Џенер дека размислува за сурогат-мајка.
Реалити ѕвездата сака уште едно дете, но поради тешкото забременување по природен пат и мачната бременост, таа ги разгледува опциите да земе сурогат-мајка.
Што ќе се случува понатаму останува да видиме.