Дури ни здрава сурогат мајка не може да гарантира нормална бременост за Ким Кардашијан.
Старлетата се соочува со нов проблем кога е во прашање третата бременост.
Сурогат мајката на Ким доживеала здравствена криза, за која не се открива ништо повеќе, и таа сега мора да мирува поголем дел од денот.
Извори блиски до Ким и Кание велат дека двојката била преплашена за здравјето на мајката, но и нивната неродена ќерка.
Инаку идентитетот на сурогат мајката не се открива. Се знае само дека е здрава девојка во 20-тите години, која има две деца.