Кинески ориз со јајца

Состојки ( за 4 порции):

2 лажици масло
3 јајца, изматени
6 филџани долгнавест ориз, сварен и изладен
2-3 млади кромитчиња, ситно исечкани
2 бабури, ситно исечкани
1 филџан грашок или брокула, по желба
1 морков
250 г ракчиња
Сол и бибер
Соја сос

Подготовка:

Во подлабок сад за готвење испржете ги јајцата со постојано мешање. Кога ќе бидат готови, додадете го предходно сварениот ориз, убаво измешајте и тргнете го садот од оган. Во вок тава или подлабоко тавче за пржење испржете ги на врел зејтин сецканите бабури,ракчињата, кромидот исецкан на ситни тркалца, морковот исечкан на коцкички и грашокот. Зеленчукот пржете го најмногу 2 минути. Додадете го оризот и иститнетата кајгана од јајца, соја сос (количината е по желба) промешајте 2-3 пати и послужете.

кинески ориз со јајца