Книга на одмор – ДА

Летото започна, а со тоа и подготовките за годишен одмор.

Многумина, пакувајки го куферот, задолжително со себе понесуваат книга.

Доколку тоа не е случај со вас, обидете се овој летен одмор да го пројдете читајки.

Книгата е одлична занимација на плажа! Кога ќе се уморите од постојаното пливање, сончање или играње на плажа, добро ќе ви дојде да се сместите удобно на лежалка и да ја отворите книгата која сте ја понеле со себе.

Доколку имате некоја книга дома која сакате да ја прочитате,но не наоѓате време, летниот одмор е совршена прилика конечно да ја спознаете нејзината содржината..

Доколку не сте љубител на пишаниот збор, ова лето е совршена прилика да прочитате барем една книга, верувајте, ќе ве направи духовно побогати!