Ќофтиња со брокула и пармезан

Состојки:

1 брокула
2 чешниња лук
2 млади кромидчиња
50гр рендан пармезан
50гр рендан кашкавал
2 лажици презла
2 јајца
црн пипер
сол

Подготовка:

Измијте ја брокулата и одвојте ги цветовите. Ставете ги во сад. Додадете ги ренданиот кашкавал, пармезанот, и ситно сецканиот млад кромид и лук. Наросете со лебни трошки, додадете ги јајцата измешани со црн пипер и сол и измешајте.
Со навлажнети раце оформете мали, ќофтенца. Печете ги во рерна, во тава покриена со хартија за печење.
Печете на 200степени, 6-7 минути.

Ќофте со брокула и пармезан