Кога последен пат сте ги испрале перниците на кои спиете?

Кога последен пат сте ги испрале перниците? Пред месец дена? Минатата година? Никогаш? Ако поминало повеќе од шест месеци, крајно време е да го направите тоа.

Перниците наполнети со пердуви или влакна
Добри вести! Овие перници можете да ги перете во машина за перење алишта. За да се добијат што подобри резултати, исперете две перници истовремено (за во машината да има подобра рамнотежа).

Ако на перницата има наведено начин на одржување, прочитајте го и држете се до тоа. Ако го нема или сте го скинале, најдобро е да се употреби млака вода и програм за деликатни ткаенини. Не е лошо да се уклучи и перење со ладна вода.

Потоа исушете ги, оддржувајќи им го обликот ист. Некои производители препорачуваат да користат топка за сушална за да се спречи создавање на грутки.

Перници полнети со пена
За жал, перниците полнети со пена не можете да ги ставите во машина за перење алишта, но можете да ја исперете перницата следејќи ги упатствата на етикетата.

За да се ослободите од прашината од перницата, користете праволмукалка на двете страни. Ако постои таква можност, намалете ја јачината на правосмукалката за полесно да ја завршите оваа работа.

Можете перницата да ја ставите во сушална, но на ладен воздух на 20 минути.

Ако на перницата се појават дамки, исчистете ги со разредено сретство и исплакнете со влажна крпа. Оставете ја перницата да се исуши пред да ја навлечете постелнината.