Водата е извор на живот, а на сите нас добро ни е познато она чуство кога жедта ќе ја изгасиме со една чаша од оваа течност.
Но, дали е важно дали пиеме ладна или топла вода?
Традиционалната индиска медицина нагласува дека е важно да се обрне внимание на температурата на водата.
Не смее да се пие ниту преладна, ниту прежешка вода.
Кога треба да се пие ладна вода?
Вежбање
Телесната темперартура расте за време на физичката активност, а со потењето нашето тело се обидува да се олади. Благодарение на потењето, губиме течности од телото. Кога за време на вежбањето се пие ладна вода, организмот се лади, а телото се рехидрира. После вежбањето се препорачува конзумација на вода која е малку поладна од собната температура.
Грозница
Иако пиење на ладна вода, ако имате температура, е само еден од методите за ладење на организмот, ова не е посебно препорачливо. За време на боледувањето важно е да внесувате доволно течности за да му помогнете на телото да се избори со инфекцијата. За да ги надокнадите изгубените електролити, во водата додадете малку лимон и морска сол.
Слабеење
Ладната вода може да го забрза метаболизмори и да ви помогне да изгубите дополнителни 70 калории дневно.
Кога да се пие топла вода?
Метаболизам
Топлата вода во утринските часови може да го поттикне забрзување на метаболизмот. Ако после оброкот испиете ладна вода, организмот тешко ќе ја вари храната.
Детоксикација
Се препорачува во млаката вода да додадете неколку капки лимон и со тоа да го започнете днот. Со лимонот во водата можете да додадете и краставица, јаболко или цимет кои исто така помагаат при детоксикација.
Против болки
Ако ве мачи главоболка или некое воспаление, подобро е да се напиете топла вода која ја стимулира циркулацијата на крвта. Топлата вода може да помогне и кај менструалните грчеви.
Запек
Ако имате запек, топлата вода може да го реши овој проблем.