Миконос, еден од најпопуларните острови во Грција и во светот, години наназат е дестинација која секој ја посакува.
Рајски плажи, забава до изгрејсонце, луксуз насекаде и многу селебрити фаци кои може да ги сретнете на островот.
До 60-тите години, Миконос бил само еден остров во Грција, археолошка дестинација голема осумдесетина метри квадратни.
Во 60-тите овде првпат се отвора првата нудистичка плажа во Европа и предизвикува интернацинален шок но и интерес за местото.
Сепак заслугата за популарноста на овој прекрасен остров и се препишува на легендарната Џеки Оназис Кенеди.
Од моментот кога таа, во далечната 1961 решила да купи куќа во ова рајско место, Миконос преку ноќ станува дестинација на џетсетерите.
Овде започнуваат да доаѓаат славните Елизабет Тејлор и Ричард Бартон.
Во осумдесетите Миконос станува број еден дестинација за богати туристи од целиот свет.
Деценија подоцна островот е преплавен и со славните личности од светот на филмот и естрадата.
Цената на земјиштето вртоглаво растела од ден на ден а новите куќи и хотели постојано се зголемувале.