Кој го труел Принц: Дрога пронајдена во шишенца за Витамин Ц

Легендарниот музичар Принц во април оваа година беше пронајден мртов, а четири месеци подоцна пристигна официјалниот извештај за лековите пронајдени во неговиот дом.

Таблети биле фалсификувани и содржеле фентанил – наркотички аналгетик 50 пати посилен од хероинот, изјави лице блиско до истрагата.

Во Пејсли парк во Минесота каде живееше Принс пронајдени се десетина таблети, а најмногу се пронајдени во шишенца од Витамин Ц и Аспирин.

Резултатите од аутопсијата објавени во јуни покажаа дека Принс (57) починал поради „случајно предозирање со фентанил“.

Принц