Во обложувалниците веќе се појавија првите прогнози за кандидатките за Бонд девојка.
Според состојбата во обложувалниците, најголема борба најверојатно ќе се води меѓу Марион Котијар и Кети Пери.
Високи шанси имаат Рејчел Вајс, како и Анџелина Џоли.
„Марион Котијар би го оставила Џејмс Бонд без здив бидејќи е вистинска фам фатал, но исто така не смееме да ја заборавиме Рејчел Вајс која би била многу уверлива во романтичните сцени со Даниел Крег, доколку е тој повторно Бонд“, објави британскиот весник Daily Express.
Кога е во прашање главниот негативец во филмот, најголеми шанси за улогата има професионалниот боксер Тони Белев кој неодмна изјави дека радо би ги заменил боксерските ракавици за улога во филм за агентот 007.