Меланија Трамп, првата дама на САД вчера беше примена во болница, каде што и беше извршена операција на бубрег.
“Првата дама Меланија Трамп, беше подложена на емболизација за лекување на бенигна состојба на бубрезите, постапката беше успешно завршена и немаше компликации. Трамп е во Националниот воен клинички центар Валтер Рид и најверојатно ќе остане таму до крајот на оваа недела. Се радува на брзо оздравување за да може да ја продолжи својата работа во име на децата од целиот свет “, соопшти Стефани Гримсхем, директорката за комуникаци на Првата дама на Америка.