Кондури со GPS: Ќе ве однесат право дома!

Со едноставен удар на петите на овие кондури со вграден GPS, истите ќе ви помогнат да си го пронајдете полесно патот до дома.

GPS кондурите се креација на британскиот дизајнер Доминик Виклокс, кој ги нарекол „No Place Like Home GPS Shoes“, без оглед на тоа во кој дел од светот се наоѓате.

Вилкокс бил инсипириран од приказната за Волшебникот од Оз и главниот јунак во истата Дороти Гејл која се впушта во потрага како би го пронашла патот до својот дом, откако се нашла во земјата на Оз, односно во земјата на волшебствата и чудата.
„Размислував за филмот и за тоа како Дороти би можела со еден удирање на чевлите да се врати дома“, вели Вилкокс на својата интерент страница.
„Внатрешноста на чевлите е со црвена кожа како мала референца на црвената боја која што ја имаше на чевлите на Дороти“, вели Вилкокс.

Се работи за функционален прототип, затоа што овој пар на машки чевли во левата кондура има вграден GPS приемник, а за негово активирање доволно е едноставно тропање со петите.
Корисниците мораат да втичаат посакуваната дестинација преку картографски софтвер и USB кабл, а потоа да го активираат GPS.
Секој вид на кондури имаат неколку LED сијалички, на десната се отчитува колку далеку корисникот мора да оди, додека кружниот индикатор на левата кондура ја покажува вистинската насока.