Огромна фама се крена околу разводот на холивудските актери Бред Пит и Анџелина Џоли.
Бракоразводната парница која трае веќе две години најверојатно е при крај, јавуваат светските медиуми.
Актерите конечно се договориле за условите околу старателството над нивните деца и конечно за неколку недели ќе се разведат.
Славниот пат кој има шест деца, конечно прогласи примирје и нивните адвокатски тимови ги привршуваат документите со кои разводот ќе биде и правно регулиран.
Бред наводно ќе поминува со децата исто време колку и Анџелина, одлука од која актерот е воодушевен.
Бред и Анџелина беа заедно 12 години. Актерката во 2016 година поднесе документи за развод поради „ненадминливи разлики“.