Синот на Стив Ирвин, познат како „Ловецот на крокодили“, беше гостин во шоуто на Џими Фелон.
Со само еден поглед врз момчето и начинот на кој зборува, се забележува сличноста со неговиот покоен татко.
13-годишниот Роберт ја поседува истата страст и љубов кон животните како неговиот татко, кој почина на 44-годишна возраст поради убод во срцето од рибата раја.
Роберт имаше само 2 години кога се случи трагичниот настан во 2006 година.
„Навистина е прекрасно што ги следам неговите стапки. Сметам дека сум најсреќното дете на планетата Земја“, изјавил Роберт во неговото гостување во „The Tonight Show“.