Корисен совет: Еве колку вода треба да пиеме во лето

Лекарите редовно алармираат да се пие што е можно повеќе вода во текот на летото.

Но како да бидеме сигури дека внесуваме доволно вода во организмот?

Експертите се поделени по однос на дневната количина која е препорачлива.

Едни сметаат дека не мора постојано да консумираме вода, туку само кога сме жедни.

Останатите пак сметаат дека задолжително треба да пиеме по 1.5 до 2 литри вода во текот на денот, а оние пак што се занимаваат со физичка активност би требало оваа количина да ја дуплираат.

Сепак, нашето тело знае најдобро, па добро е да обрнеме внимание на одредени симпоми кои покажуваат дека на телото му е потребна вода:

  • Сува кожа
  • Главоболки
  • Континуиран замор
  • Урина во темна боја и необичен мирис