Сопственик на машини за забава во Англија ги наполни со тоалетна хартија , најбараниот производ против ширењето на епидемијата на коронавирус.
Роб Бредик се појави со чудна идеја кога сфати дека има недостаток на тоалетна хартија, сапун и гел за дезинфекција на рацете во блиската продавница. Тој веднаш набави поголема количина на производи за хигиена, ги отстрани играчките од машината и ги наполни со средства за хигиена.
“Имаше кукла Спајдермен во едната машина и сега има голем пакет течен сапун. Играта е сè уште во фаза на тестирање. Тешко е да се добие награда, но не е невозможно. Многу луѓе се обидуваат, но сепак никој не успеа, иако очекувам наскоро да дојдат повеќе играчи “, вели Бредик.
Бредик живее во англискиот регион Девон каде продавниците сè уште нудат производи за хигиена. Што се однесува до неговиот бизнис, тој рече дека вработените во забавниот парк се придржуваат кон стандардите за хигиена и редовно ги мијат рацете за да се заштитат од епидемија.
„Воведовме заштитни мерки. Вработените ги мијат рацете на секои половина час. Засега сè уште не сме запознаени со вистинските ефекти на епидемијата, но ситуацијата веројатно ќе се влоши“, изјави Бредик.
Потрошувачите ширум Англија прават огромни залихи на производи за хигиена, па затоа некои продавници се соочија со недостиг на тоалетна хартија, сапуни и антибактериски гелови. Во Австралија, бројот на страници во весниците се зголеми како резултат на недостаток на тоалетна хартија, пренесува Њујорк пост.