Кралицата Елизабета може да стави вето на бракот на Принцот Хари и неговата девојка

Меган Маркел веќе се запозна со неколку од членовите на кралското семејство, но ја чека средбата со кралицата Елизабета.

Ако добие одобрение на кралицата, може да следи и долго очекуваниот предлог за брак.

Принцот е должен да ја замоли кралицата за дозвола за брак, а тоа значи дека технички таа може да стави вето за свадбата.

Кралицата Елизабета

Се забележува дека Меган веќе добила “зелено светло” од принцот Чарлс.

Односите на Хари и Меган се развиваат доста побрзо отколку на војводата и војвотката од Кембриџ.

Кејт не се беше сретнала лично со кралицата до 2008 година, кога беше официјално нејзиното претставување, иако веќе била девојка на Вилијам 5 години.

Принцот Хари и Меган Маркел се заедно речиси година.

принц хари и меган маркл