Британската Кралица Елизабета II била на јавање по брегот на реката Темза крај Виндзерскиот замок.
Таа била забележана крај замокот од очевидци кои останале изненадени, бидејќи кралицата има 90 години.
Била придружена од главниот јавач на замокот Тери Пендри кој исто јавал малку зад неа.
Британски медиуми тврдат дека и покрај нејзината возраст и нејзиното боледување кралицата изгледала добро и целосно здрава.
Таа е кралица од 1952 година и во моментов е доајен на сите живи монарси во светот.
Според овој показател таа го надмина рекордот и на кралицата легенда Викторија.