Кралска фотосесија: Меган Маркл со фустан од 50.000 долари

Кесингтонската палата ги објави официјалните веренички фотографии од принцот Хари и Меган Маркл.

36-годишната холивудска актерка блесна во креација од британската модна куќа Ралф и Русо вредна околу 50.000 долари.

Фустанот во горниот дел е транспарентен, па многумина сметаат дека не и доликува на идната снаа на кралското семејство.

За третата фотографија, Маркл се одлучи за поедноставна комбинација па носи блуза од Викторија Бекам, што покажува дека веќе се фокусира на британските брендови.

На фотографиите парот е навистина среќен и со целиот свет споделија дел од нивната интима.