Кралскиот фотограф открива: Меган Маркл и принцот Хари ги заладија односите!?

Иако се чини дека во бракот помеѓу Меган Маркл и принцот Хари цветаат ружи, сепак Артур Едвардс (78) кој со години работел за кралското семејство смета поинаку.

– Приметувам огромна промена кај принцот- изјавил Артур за британските медиуми нагласувајќи дека Хари во последно време многу се дистанцирал од својата сопруга.

– Принцот секогаш имаше добар однос и комуникација со медиумите. Во бракот е премногу заштитнички настроен кон Меган со цел да не биде изложена на непотребни оборувања.

Кога починала неговата мајка, принцезата Дијана, Хари имал само 12 години. Оваа трагедија оставила сериозни последици на неговиот приватен но и деловен живот.

Принцот во неколку наврати бил на работ на нервен слом и сакал да побегне од се.

Од 1997 година за него се врзани многубројни скандали поврзани со алкохол, разголени фотографии и лудување во ноќни клубови.

Во 2016 година на инсистирање на негови пријатели, Хари имал состанок на слепо со тогашната позната актерка Меган Маркл со која оваа година се ожени.