Доста долго кружеа гласини за свршувачката помеѓу принцот Хари и Меган Маркл, но конечно веста е потврдена!
Кралицата Елизабета дала одобрување за овој пар, една недела по прославувањето на 70-годишнината од нејзиниот брак, а Хари исто така добил дозвола од родителите на Меган, која официјално стана дел од британското кралско семејство.
Во официјалното соопштение од Clarence House стои:
„Неговото височество принцот од Велс, со задоволство ја соопшти веста за свршувачката на принцот Хари и Меган Маркл. Свадбата ќе се одржи во пролет, 2018-та. Понатамошни детали за свадбата ќе бидат објавени во догледно време. Неговото височество и Меган Маркл се верија во Лондон на почетокот на овој месец. Принцот Хари ја информираше кралицата и блиските членови на семејството. Принцот Хари исто така доби благослов од родителите на Меган. Парот ќе живее во Nottingham Cottage во Кенсингтонската палата.“
The Prince of Wales is delighted to announce the engagement of Prince Harry to Ms. Meghan Markle. pic.twitter.com/zdaHR4mcY6
— Clarence House (@ClarenceHouse) November 27, 2017