Крава одгледана во централна Англија е продадена за 299 илјади евра, што е рекорд за нејзината раса и двојно повеќе од претходниот британски и европски рекорд.
Кравата по име Пош Спајс, име кое го носела по прекарот на Викторија Бекам во женската поп-група Spice Girls, се продаде во петокот.
Кравата од Шропшир, чие целосно име е Вилодџ Пошшпис, е потомок на добиток што е наградуван. Нејзината мајка Милбрук Гингерспејс, исто така именувана по „Spice Girls“, го држеше претходниот британски и европски рекорд поставен во 2014 година.
Би-Би-Си ја пренесува изјавата на сопственичката Кристин Вилијамс дека продажбата е „како да се победи на лотарија“ и дека крајната цена е „неверојатна“.
Таа рече дека продадената едногодишна крава е „паметна и полна со стил“, а високата цена ја припишува на одреден „фактор x“.