Крем Будвиг: Појадок кој спречува многу болести

Јохана Будвиг е германска биохемичларка која развила метод што луѓето го користат за да го балансираат нарушениот електричен баланс на клетките и со тоа да спречат многу болести.

Таа искомбинирала рецепт за крем кој се препорачува да се консумира наутро, а се заснова на ленено семе, цедено масло од ленено семе и свежо кравјо сирење.

Овој доручек може превентивно да влијае на појава на кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2, некои карциноми и други болести.

Семето од лен е најдобриот извор на омега-3 масни киселини кои во комбинација со протеин како сирење со малку маснотии создаваат соединение на липопротеини од кое се направени мембраните на нашите клетки.

Рецепт за крем Будвиг:

4 лажици свежо кравјо сирење (урда)

2 лажици органско масло од ленено семе

1 лажица семе од лен

овошје и ореви по желба

Подготовка:

Ставете урда во сад, прелијте го со ленено масло и добро измешајте со миксер додека не добиете кремаста текстура и целото масло да не се соедини со сирењето.

Истурете ја смесата врз ленените семиња кои претходно сте ги мелеле.

Рачно измешајте ги состојките, а потоа додадете парчиња овошје како што се банани, сливи, диви бобинки и неколку и бадеми.

Консумирајте го кремот не подоцна од 20 минути откако ќе го подготвите.

На здравје!

Совети:

1. Маслото од ленено семе е расипливо, затоа треба да се чува во фрижидер пред употреба. Исто така, не купувајте ленено масло што не се чува во продавницата на ладно место.

2. Најдобри резултати ќе постигнете доколку мелете семе од лен непосредно пред употреба, бидејќи петнаесет минути по мелењето, тие губат поголем дел од своите корисни својства.

3. Јадете крем Будвиг како посебен оброк, без додатоци.

4. Кремот секогаш да ви биде свежо направен.

5. Крем Будвиг може да го јадат и луѓе кои имаат одредени болести, но тие треба задолжително да се консултираат со лекар за количината на состојките.