За Крис Браун веќе знаеме дека е насилник уште кога ја претепа Ријана, а случајот доби и судска разврска.
Потоа раперот ја нападна и манекенката Лизиана Гутиереш која тврдеше дека и го земал телефонот и ја удрил по лицето.
Овој пат, Браун повторно ја покажа својата насилна страна кога ја нападнал менаџерката бидејќи не му ги исполнувала барањата.
Менаџерката Ненси Гош сега го тужи Браун, бидејќи под дејство на дрога ја нападнал во автобусот додека оделе на турнеја.
„Се извинувам, не се чувствував сигурно. Крис беше под дејство на наркотици и се однесуваше ирационално“, изјавува Ненси за странските медиуми.