Оскарите важат за најгламурозната ноќ во годината, но подготовките за истите може да бидат исцрпувачки.
Дамите се подготвуваат со недели за да блеснат на црвениот тепих, а синоќа помеѓу нив беше и Криси Теиген.
Очигледно моделот беше преморена од целата драма околу Оскарите па за време на истите реши да дремне.
Додека Кеси Афлек држеше говор бидејќи доби Оскар за најдобар актер во „Manchester by the Sea“, камерите ја уловија Криси како спие.
Во истата позиција остана и 5 минути подоцна, кога Ема Стоун беше прогласена за најдобра актерка за улогата во La La Land.