Кристен Стујарт за нејзината врска со Роберт Патисон: „Беше грозно“

Кристин Стујард проговори за нејзината врска со актерот Роберт Патисон и зошто истата мораше да заврши.

Парот беше заедно 5 години, но за Кристен врската стана забава за фановите, откако таа имаше афера со режисерот на филмот „Snow White And The Huntsman“, Руперт Сандерс.

„Луѓето сакаа толку многу јас и Роб да бидеме заедно, што нашата врска се претвори во продукт“, изјави актерката во интервју за „Њу Јорк Тајмс“.

Кристен Стјуарт и Роберт Патисон

„Не беше реално повеќе. И ми беше грозно. Не сакам нешто да скријам, но не сакам ни да бидам дел од приказна само за забава на луѓето“, изјави актерката.

Кристен моментално е заедно со продуцентката Алисија Каргил, и призна дека сега многу поотворено може да зборува за нејзиниот приватен живот и нејзината сексуална определба.

Кристен Стујарт