Состојки:
250мл вода,
4 лажици путер,
250мл брашно,
4 јајца,
250 рендано сирење,
2-3 лажички ситно сецкан праз или млад лук,
сол и бибер
Подготовка:
На силен оган во тенџере измешајте ги водата и путерот да се стопи. Кога путерот целосно ќе се стопи додавајте го брашното и брзо мешајте додека не се создаде топка.
Тргнете ја смесата од рингла и непрекинато мешајќи додавајте едно по едно јајце. Кога ќе се формира мека смеса додајте го ренданото сирење, ситно сецканиот праз или младиот лук, сол и бибер.
На плех за печење ставете хартија за печење или премачкајте го со зејтин и со лажица вадете ги крофните. Одозгора изрендајте сирење и печете во рерна 20-тина минути.
Добар апетит!