Секој сопственик на куче сигурно знае дека понекогаш тие повеќе ќе водат сметка за вас, отколку што вие ќе се грижите за себе, но треба да им е познато исто така дека кучињата обожаваат да „џвакаат“ одредени работи – пишува „Brainberries“.
Додека светот го задржува здивот да види како коронавирусот се развива насекаде, едно посебно куче ја спречило својата сопственичка да опатува на местото од каде вирусот потекнува.
А, како го сторил тоа? Па, тој одлучил дека совршена играчка за него бил пасошот на сопственичката. Тој и го изел целиот пасош, а таа не можеше да отпатува во Вухан како што планирала. Неколку дена по овој „инцидент“ пристигнаа првите извештаии за коронавирусот.
Кучето, кое се вика Ким, можеби го спасил животот на својата сопственичка на начин на кој таа не ни можела да предвиди. Коронавирусот брзо се рашири низ Кина, од кој се заразија и починаа илјадници.