Оваа есен, познатата ТВ-серија „Пријатели” прославува 25-годишнина од прикажувањето на првата епизода.
По тој повод на 23, 28 септември и на 2 октомври, во киносалите ширум САД ќе бидат прикажани вкупно 12 епизоди, по четири во една вечер.
Како што соопшти Ворнер Брос, одбраните епизоди се преработени во 4К резолуција и ќе имаат додатоци како што се интервјуа и досега необјавени снимки и сцени.
– Обожавателите ќе имаат можност да се потсетат на некои од најемотивните и најсмешните мигови од серијата – овојпат на големиот екран, изјави Реј Нат, претставник на организаторите на проектот.