Тара Палмер- Томпкинсон, славната британска старлета и кума на Принцот Чарлс, пронајдена е мртва во својот стан во Кенсингтон.
Последните неколку година Тара се повлекла од јавниот живот и живеела мирно.
Се занимавала со мода и сакала да стане мајка, но нигогаш не и се остварила таа желба.
Минатата година и открија тумор на мозокот, па својата популарност ја искористила да ја подигне свеста за болеста.
На Тара популарност и донесе кралското семејство.
Нејзиниот татко, олимпиец во скијање бил пријател на Принцот Чарлс, па овие две семејства често зимувале заедно.
Баш фотографијата со Принцот Чарлс на зимувањето во 1990 година и донела на Тара огромна популарност.