Невнимателен возач од Будимпешта после само неколку моменти откако го купил новото Ферари го удрил, пробивајќи се низ гужва.
Изгледа дека возачот не бил во можност да го контролира возилото кое има 950 којнски сили, кои постигнуваат брзина од 0-100 km/h за помалку од три секунди.
Наводно, веднаш после ударот, возачот излегол од Ферарито и побрзал да ги тргне табличките за да остане неидентификуван.
Никој не бил повреден, но неименуваниот маж ќе се соочи со скапа поправка.
Ферари прозиведе само 499 примероци на моделот „la Ferrari“, а еден чини неверојатни милион долари.
Погледнете го видеото како автомобилот настрада за две минути: