Леб со сода и без квасец

Ако немате квасец или сакате да испробате нешто ново – брз и лесен рецепт за леб со сода бикарбона.

Состојки:

450 гр меко брашно
1,5 лажички сода бикарбона
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
400 мл јогурт или матеница

Приготвување:

Измешајте ги сите суви состојки и полека додадете јогурт или матеница. Мешајте кратко, само додека не се соединат сите состојки и произведат што е можно повеќе хомогена смеса.

Пренесете го тестото во тава за печење обложена со хартија за печење, обликувајте го во топка, по врвот исечете го со остар нож. Печете во загреана рерна на 200°C за 35-40 минути. Можете да направите и две помали топки од истата смеса, така што ќе добиете две мали кружни леба, во тој случај ќе ги печете малку пократко, на пример 25 минути.

Печениот леб од сода е малку потврд и со подебела кора од оној класичниот со квасец.